Ракометарот Филип Лазаров стана татко по втор пат

Македонскиот ракометар Филип Лазаров и неговата сопруга Билјана на Велигден станаа родители по втор пат.
Имено, тие го добија синот Марко, а радосните вести на својот „Фејсбук“ ги сподели Филип кој напиша:


„Ти благодарам Господе што на овој ден, на најголемиот христијански празник Велигден се збогати нашето семејство со уште еден член. Силен на тато, убав на мама и бато. Добре ни дојде, Марко“ напиша Лазаров на социјалните мрежи.
Под објавата се нижеа честитки за ракометарот.
Инаку, Филип и Билјана го имаат и петгодишниот син.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.