Рама: Агентите на хаосот сакаат да го пренесат конфликтот од Газа на Балканот!

Албанскиот премиер Еди Рама од Париз, каде што учествува на Форумот за мир, повтори дека е за прекин на огнот во Газа и истовремено укажа на опасноста што овој конфликт може да ја има за регионот на Западен Балкан.
„Како посветена членка на НАТО, гледаме вознемирувачка шема, зла посветеност за предизвикување конфликти и сеење хаос на северната хемисфера, вклучувајќи го и Западен Балкан. Овие агенти на хаосот мора да се запрат. За жал, продолжувањето на страдањето на цивилите во Газа само ги подгрева амбициите на Хамас и другите агенти на хаосот“, изјави Рама на социјалната мрежа „Х“.

Тој додаде дека имал можност да се сретне со различни лидери и високи претставници на Парискиот мировен форум.

„Што се однесува до Газа, сите се согласуваме дека конфликтот и страшното страдање што го предизвикува мора да заврши“, додаде Рама.

Оваа објава му „лајкнала“ на црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.