Рангелова зборуваше за демократија, а прекрасно функционираше во тотално владеење!?

Вечерва на гостувањето во емисијата Отворено на 24Вести сега бившата Претседателка на жените на ВМРО-ДПМНЕ била загрижена за правецот на Партијата. Највеќе ми остави впечаток нејзиниот говор за демократизација на ВМРО ДПМНЕ и прифаќање на различни ставови на членовите во Партијата.

Па сакам да поставам неколку демократски прашања! Дали Вие Даниела Рангелова бевте бирани од членството на УНИЈА НА ЖЕНИ на ВМРО-ДПМНЕ со демократско гласање и фер избор за Претседател на Унија на Жени со Противкандидат? Точно чив предлог бевте и одеднаш се појавивте на листата на Советници на Општина Центар, а никој немаше, ни чуено за Вас и Вашиот Придонес во Партијата? Се сеќавате на Вашите почетоци? Сте се зачлениле во 2006 кога ВМРО дошло на власт.
Дали Вие присуствувате и гласавте на „наместен Конгрес“ само со еден кандидат во Валандово? Тоа ли беше според вас демократија и манифестирање на различни мислења? Не Ве слушнавме тогаш да ви пречи едноумието? Се до ден денешен молчите, како што е познато за внатрешните односи кои во овозможија лесно искачување по партиските скалила на моќта. Е сега тешко ви било да се симнете. Е така е. Кој високо лета…