Да се биде родител е исцрпувачки и има моменти кога на родителите им е потребен одмор. Како родител мора да обезбедите засолниште, храна, љубов и услови за развој. Тоа е тешка „работа“ и не секоја мајка е подеднакво добра во правењето на сè што подразбира мајчинството.
Се чини дека некои хороскопски знаци се малку поквалификувани за улогата „мајка“ од останатите.
Ова се најдобрите мајки во Зодијакот.
Риба
Рибите се тип на мајка која на своите деца им всадува љубов кон уметноста и ги поттикнува своите деца да бидат креативни.
Децата на мајката Риби ќе бидат чувствителни, имагинативни и ќе научат да се однесуваат кон другите луѓе со добрина и сочувство. Мајките Риби ја пренесуваат љубовта кон природата, чувството на гордост во помагањето на другите и независниот дух, на своите деца.
Мајката Риби можеби не умее да ги научи децата како да ги остварат своите соништа, но со сето свое срце ќе ги поддржи во обидот тие соништа да бидат остварени.
Овен
Мајките Овни го одржуваат распоредот на своите деца полн со часови по музика, спорт, хоби, друштвени активности и кампови. Во меѓувреме, мајката Овен и самата има полн распоред.
Таа сака нејзините деца да бидат авантуристи и да не бегаат од пробување нови работи. Ги поттикнува да се соочат со сите предизвици и да се борат за она во што веруваат. Овие мајки можат да бидат нападни со своите деца и понекогаш мораат да слушаат и стварно да разберат што сака или што не сака нивното дете да прави.
Близнаци
Мајките Близнаци можат да разговараат за што било со своите деца, па така тие работат на комуникацијата со нив уште од најраната возраст. Мајките Близнаци не чуваат тајни од своите деца.
Нивните деца создаваат одлични комуникациски вештини и се многу свесни за она што се случува во светот околу нив.
Една од особините што ја прави мајката Близнак толку посебна, е нејзината способност да ги разбере своите деца, без разлика на нивниот пол или возраст. Мајките Близнаци ги организираат најдобрите забави, родендени и дружења.
Јарец
Мајките Јарци се „борат до смрт“ за своите деца. Јарците се многу лојални и секогаш ќе се залагаат за нив. Овие мајки многу сериозно го сфаќаат образованието и сакаат да всадат добра работна етика, дисциплина и фокусираност кај своите деца.
Можете да бидете сигурни дека ако нивните деца добиваат џепарлак, тие го заработуваат со извршување на некои од куќните задачи и со грижа за своите браќа и сестри.
Мајките Јарци се најчесто „мајки по професија“ и понекогаш мора да ги потсетите да одвојат малку време за себеси и да не ја посветуваат секоја слободна минута на своето семејство.
Бик
Мајките Бикови се неверојатно трпеливи, толку да понекогаш може да ви изгледаат како „светици“. Но, не се залажувајте, мајките Бикови се многу сериозни и приземни.
Мајките Бикови можат да бидат тврдоглави, што може да доведе до проблеми кога нивните деца ќе дојдат во тинејџерските години. Доколку некогаш сте биле сведоци на конфликт помеѓу мајка Бик и нејзината ќерка тинејџерка, знаете дека тоа не е убаво.
Мајката Бик се грижи нејзините деца да ја ценат убавината и природата. Бидејќи може да е склона кон прекумерно уживање во храната и трошењето, мора да внимава на исхраната на своите деца и да ги научи на вредноста на парите.
Вага
Вагите се одлични мајки бидејќи се урамнотежени и мирни. Тие промовираат хармонија во домот, а кога постои несогласување меѓу браќата и сестрите, таа може да ја согледа перспективата на секого и да им помогне да го најдат балансот.
Мајките Ваги не сакаат да бидат тие што треба да дисциплинираат, повеќе би сакале да бидат пријателки отколку мајки, но обично чекаат да станат пријатели со своите деца откако тие ќе пораснат. Најважните работи што една мајка Вага ги учи своите деца е како да споделуваат, да имаат сочувство за другите и како да бидат добри пријатели.