Ранети полицајци во Бристол при растурање на празнување на смртта на Тачер

Полицијата во британскиот град Бристол растури демонстрациите на кои се прославувала смртта на поранешната премиерка Маргарет Тачер, при што се повредени шест полицајци, а некои од учесниците на протестот се приведени, пишува во вторникот весникот The Guardian.Маргарет Тачер, првата жена британски премиер и првата со три последователни мандата, почина во понеделникот на 87-годишна возраст. Во текот на трите мандата, избрана последователно во 1979, 1983 и 1987 година, Тачер остана запаметена по тоа што спроведе голем број тешки и непопуларни мерки во областа на внатрешната политика и економијата. На пример, ја скуси програмата за социјална помош, ги намали овластувањата на синдикатите и приватизираше некои индустриски сектори, од 1985 година речиси 230 илјади британски рудари ја загубија работата, а владата на Маргарет Тачер по цела година спротивставеност меѓу премиерката и рударските синдикати кои стапија во штрајк, затвори 165 рудници. Маргарет Тачер си поднесе оставка поради непопуларната политика и борбата за власт во нејзината конзервативна партија. Поради тоа „Челичната лејди“, како што ја нарекуваа поради нејзината непопустливост, стана омразена личност кај некои слоеви од британското општество. Во понеделникот навечер и ноќта кон вторникот имаше спонтани акции во кои учесниците ја славеа смртта на Тачер како празник.Во Бристол полицијата за да ги растера демонстрантите, поради непријавеното масовно собирање, била принудена да употреби палки. Според британските медиуми, вакви помасовни „прослави“ во врска со смртта на Маргарет Тачер имало и во Брикстон, Лидс, Глазгов и на Трафалгар сквер во главниот град Лондон.
МакфаксПолицијата во британскиот град Бристол растури демонстрациите на кои се прославувала смртта на поранешната премиерка М

Пронајдете не на следниве мрежи: