Рап пејач во Грција ограбувал банкомати со експлозив, за да плати спотови

Полицијата во Грција уапси рап-уметник, обвинет дека употребил експлозив за ограбување банкомат, за да ги финансира неговите музички спотови, соопштија денеска грчките власти.

28-годишниот маж, чие име не е објавено, беше уапсен викендов заедно со уште двајца осомничени, на возраст од 26 и 27 години, откако полицијата упадна во имот во близина на Атина и претресе неколку возила, објави АП.

Муртезани: Никогаш не сум рекол дека ќе излеземе од Владата ако нема уставни измени на крајот од годината
Сериозно работиме за надминување на проблемот со нашите европски интеграции, а уставни измени ќе има кога ќе бидеме сигурни дека нема да имаме потенцијално вето од Бугарија и кога ќе изнајдеме решение кое ќе го гарантира …
Џабе ќе менуваме Устав: Фаворитот за победа на изборите бара Германија да излезе од ЕУ и да формира нова европска заедница
Ултрадесничарската партија Алтернатива за Германија (AfD) се залага за референдум за напуштање на ЕУ, пишува „Дојче Веле“Дојче веле наведува дека во партиската програма на АфД, за која ќе се расправа во јануари, на прво место е …

Агенцијата забележува дека во таа акција полицијата запленила 1,5 килограми експлозив, автоматска пушка М16, четири пиштоли и нешто повеќе од 200.000 евра во готовина. „Тие переле пари трошејќи огромни суми преку музичката индустрија или во казина“, изјави полицискиот бригаден генерал Јоанис Скорас, пренесуваат медиумите во регионот.

Портпаролката на полицијата Констанција Димоглиду изјави дека бандата е поврзана со 10 напади на банкомати во повеќе делови на Грција, главно на изолирани локации, а досега украла вкупно околу 710.000 евра. Тројцата осомничени се соочуваат со обвиненија за повеќекратни грабежи, недозволено поседување огнено оружје, како и поседување и употреба на експлозиви и кражба на возила, јавува Танјуг.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.