Расплакани Англичани после поразот: Еве што им порача принцот Вилијам

После вчерашниот пораз на Англија од Хрватска на Светското првенство во фудбал, принцот Вилијам, инаку голем обожавател на овој спорт, почувствувал потреба да и се обрати на разочараната и расплакана британска нација преку официјалниот Твитер профил на Кенсингтонската палата.
-Знам колку разочарана сега се чувствува Англија, ама не може да бидат погорди на овој тим. Би требало да одите со крената глава. Бевте неверојатни, влеговте во историјата и ни дадовте на нас фановите нешто во што можеме да веруваме. Знаеме дека од овој тим се уште имаме што да видиме, напишал емотивниот принц.


Неколку дена претходно и тој и неговиот барт, принцот Хари беа уверени дека фудбалот се враќа дома, но после синоќешниот натпревар потполно е јасно дека фудбалот не се враќа во Англија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.