Раста е слободен човек: Еве како изгледа раперот по 8 месеци во притвор

Српскиот рапер Стефан Ѓуриќ – Раста од денеска повторно е на слобода, по осум месеци куќен притвор.
Тојденеска околу 10 часот наутро повторно е слободен човек.
Раста беше приведен во октомври 2020 година во центарот на Белград, кога со себе наводно имал неколку пакетчиња марихуана и сканк, а при претресот на неговиот стан полицијата пронашла, како што се наведува, и други недозволени супстанции.


Беше во затвор, па мерката притвор му беше заменета со домашен притвор.
Раста призна дека дрогата која беше отркиена во октомври 2019 година кај него, дека му е за приватна употреба. Затоа доби една година домашен притвор.
Српските медиуми го снимија денес, па покажаа како изгледа раперот на првиот ден од слободата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.