Министерството за здравство информира дека денешната бројка на заболени со коронавирус во земјата – состојба до 12 часот е 35. Утрово на коронавирус се позитивни 4 лица од Скопје. Состојбата на сите пациенти е стабилна, стои во соопштението од Министерството.
Доцна синоќа на скопскиот аеродром пристигна авионот со патници од Брисел. Патниците беа тестирани на коронавирус и задржани во изолација до добивање на резулатите. Резулататите на сите патници се негативни, а тие се пуштени дома во задолжителна изолација.
Лицата кои беа привремено сместени во Пепелиште беа посетени од епидемилози, а денеска ќе бидат преместени во објектот одреден за групна изолација во Демир Капија.
Повеќе информации ќе бидат познати на прес-конференцијата на министерот за здравство Венко Филипче закажана за 15 часот.
И Филипче вчера говореше на оваа тема со апел да се ограничат и верските собирања.
Апелираме да се остане дома. Полицијата почна да казнува
Вонредна состојба настанува кога ќе настанат големи природни непогоди или епидемии.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.Времето за погребалните обреди се преполовува поради КОРОНА ВИРУСОТ