Цените на акциите на Волстрит во вторникот остварија пораст, приближувајќи се на рекордните нивоа, што најмногу се должи на најавите за преземање на одделни компании.Индексот Dow Jones зајакна за 0,39 отсто, на 14.035 поени, индексот S&P 500 порасна за 0,73 отсто, на 1.530 поени, додека индексот Nasdaq беше во плус за 0,68 проценти, на 3.123 индексни поени.Меѓу најголемите добитници вчера беше акцијата на OfficeMax, со скок од над 20 отсто, по веста дека таа компанија треба да ја преземе Office Depot, вториот по големина американски трговски синџир за канцелариска опрема. Акцијата на Office Depot поскапе за девет отсто.Понудите за преземање во последните денови им даваат поддршка на берзите. Мината недела Berkshire Hathaway, компанија на влијателниот инвеститор Ворен Бафет, понуди 23 милијарди долари за купување на Heinz, додека Anheuser-Busch inBey понуди 20 милијарди долари за купување на мексиканскиот производител на пиво Grupo Modelo.Од почетокот на годината вредноста на најавените преземања во САД достигна 160 милијарди долари, двојно повеќе отколку во истиот период лани, што покажува дека менаџментот на компаниите проценува дека валуациите се прифатливи за аквизициите и дека се очекува подобрување на економската состојба.Најавените преземања спречија надолна корекција на цените на акциите, кои се очекуваа, по силниот раст на почетокот на годината.Индексот S&P 500 од почетокот на годината порасна за седум отсто, со што се доближи на 2,2 отсто од своето рекордно ниво, додека Dow Jones се доближи на само 0,9 отсто од највисокото ниво во историјата, достигнато во 2007 година.
Макфакс Цените на акциите на Волстрит во вторникот остварија пораст, приближувајќи се на рекордните нивоа, што нај