Раст на продажбата на Ламборџини за 96 отсто

Фолксваген Ламборџини соопштија дека нивните испораки пораснале за дури 96 отсто во првата половина од годинава, најмногу поради новиот модел – „Урус“.
Италијанскиот производител на луксузни автомобили објави дека за изминатите шест месеци, има 4.533 испораки на автомобили, наспроти 2.327-те истиот период лани, при што само моделот „Урус“ има удел од 2.693 нарачани возила.


Продажбите во САД во азиско-тихоокеанското подрачје се зголемиле за повеќе од двапати, а САД остануваат најголемиот пазар на Ламборџини.
Од италијанската филијала на Фолксваген соопшиија дека се очекува тој солиден раст на продажбата да продолжи и во втората половина од 2019 година.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.