Раст на продажбата на Мекдоналдс во клучните региони, но профитот помал

Американскиот синџир ресторани за брза храна Мекдоналдс соопшти за пад на приходите и добивката во третото тромесечје, но информираше и за раст во клучните региони, вклучувајќи ги Велика Британија, Франција и Јапонија, што укажува на континуирани подобрувања во продажбата.
Нето добивката на Мекдоналдс се намали на 1,6 милијарди долари во претходниот квартал, што претставува намалување за 13,1 отсто во однос на истиот период минатата година. Но, тогаш добивката на компанијата се зголеми за околу 850 милиони долари, благодарејќи на продажбата во Кина и Хонг Конг.

Приходите на Мекдоналдс се намалиле за 6,7 отсто во третиот квартал на 5,4 милијарди долари, се наведува во кварталниот извештај на компанијата.
Сепак, во исто време, приходите од продажбата во рестораните отворени подолго од 13 месеци, клучни показатели во угостителскиот бизнис, се зголемија во сите четири клучни регионални категории. На матичниот, американски пазар се зголемија за 2,4 проценти.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.