Идеја за брз и вкусен десерт.
Потребни состојки:
200 г бело чоколадо
100 мл слатка павлака
100 г кокос
50 г крем сирење
5 јагоди
50 г кокосово брашно(за декорација)
Начин на подготовка:
Измијте ги јагодите, исчистете ги и исечкајте ги на ситни парчиња. На средна температура загрејте павлака за готвење и прелијте ја врз исечканото чоколадо. Мешајте додека да добиете хомогена смеса.
Измешајте кокос и крем сирење и покријте со пластична фолија. Ставете ја смесата во фрижидер. Со лажичка земете од смесата и на средина ставете парче јагода. Со помош на рацете обликувајте бомбици и ставете ги во кокос.
Ставете ги бомбиците во фрижидер, а извадете ги 10 минути пред да послужите.