Шпанскиот премиер Мариано Рахои ѝ порача на нацијата во средата дека во првата година неговата влада избегнала „бродолом“ и го намалила шпанскиот дефицит, најави нови реформи, особено во вработувaњето на млaдите и ги отфрли обвиненијата за корупција која тешко го погоди него лично и неговата владејачка Народна партија (PP).Историски острите мерки преземени од крајот на 2011 година „моравме да ги спроведевме за да го избегнеме распадот што ни се закануваше“, изјави шпанскиот премиер Мариано Рахои во неговиот говор за ситуацијата во земјата.Неговата влада го намалила јавниот долг под 7 отсто во 2012 година, по 94 проценти во претходната 2011 година, кога започна рецесијата во Шпанија, рече Рахои кој планира да заштеди 150 милијарди евра во следните три години.Рахои ја најави „втората генерација на реформите“ со кои ќе го поттикне растот на малите претпријатија и вработувањето на младите со договори на одредено време со даночни олеснувања.Со 55 отсто на невработените млади лица на возраст меѓу 16 и 24 години, Шпанија го држи неславното прво место во Европската унија со севкупна невработеност од 26 проценти.Првите мерки на владата на Рахои, како што беше кастрењето на буџетот, зголемувањето на данокот на додадена вредност (ДДВ), намалувањето на надоместоците за невработеноста и средствата за здравствениот и образовниот систем, предизвикаа масовни протести и излив на гнев на населението.Шпанија влезе во првата рецесија во 2008 година, кога се издува балонот на пазарот на недвижнини, што четвртото според моќноста стопанство во Европската унија го турна во криза.За тековната 2013 година, владата предвидува продолжување на рецесијата и падот на брито домашниот производ (БДП) за 0,5 отсто, а враќање на растот следната 2014 година.Рахои во обраќањето до нацијата ги отфрли обвинувањата за „сеопшта корупција“ и рече дека е „горд што институциите ги процесуираат“ случаите на корупција.Скандалот ја погоди неговата конзервативна Народна партија (PP) во јануари која медиумите пишуваа дека партијата се финансирала од тајни фондови. Правосудството отвори истрага, а самиот Рахои според документите на кои се повикуваше влијателниот дневен весник El Pais, кој е близок на опозицискиот лев центар, наводно примал во периодот од 1997 до 2008 година „вкупно 25.200 евра годишно“ донации од приватни компании.И додека Народната партија категорично ги отфрла обвинувањата, на интернет речси милион Шпанци ка потпишаа петицијата за оставката на премиерот Мариано Рахои.На овој скандал се придодаде и обвинувањата за корупција кои се однесуваат на поранешниот спортист Инаки Урдангарин, зет на шпанскиот крал Хуан Карлос.Рахои во средата, исто така, најави реформи со кои партиите ќе бидат натерани на најголема транспарентност со закана за остри казни за прекршувањето на прописите.
МакфаксШпанскиот премиер Мариано Рахои ѝ порача на нацијата во средата дека во првата година неговата влада избегнала &