Колкава е штетата на илјадници граѓани кои наместо со автобус мора да плаќаат такси до своите работни места? Колкава е штетата што граѓани не можат на време да стигнат на прегледи и операции? Колкава е штетата по стопанството затоа што не можат навреме да испорачаат стоки и услуги?
Мицкоски прво нека даде одговор на овие прашања а потоа да се повлече од блокадите со кои се изживува врз граѓаните – се вели во соопштението на СДСМ.