Реал Мадрид донира еден милион евра за жртвите од поплавите во Валенсија

Натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Валенсија кој требаше да се игра во шпанското првенство и официјално е одложен поради катастрофалните поплави кои ја погодија Валенсија, терминот во кој ќе се одигра средбата засега не е одреден.

Во оваа природна катастрофа според последните информации над 150 луѓе ги загубија своите животи, па така спортот е во втор план.

Реал Мадрид во овие тешки моменти за градот Валенсија одлучи да донира еден милион евра за најпогодените од големата природна катастрофа.

„Реал Мадрид заедно со „Црвен крст“ започна акција за собирање на средства за погодените од поплавите. Клубот донира еден милион евра за оние кои се наоѓаат во критична состојба“, стои во соошштението од „Бернабеу“.

Поплавите кои ја погодија Валенсија се една од најголемите природни катастрофи со кои се соочила Шпанија во историјата.

Пронајдете не на следниве мрежи: