Реал се откажува од Белингем и Мбапе, за 200 милиони купува двајца од – Серија А?!

Шпанскиот и европски првак Реал Мадрид се откажал од опцијата да ги донесе Џад Белингем од Борусија Дортмунд и Килијан Мбапе од Пари Сен Жермен, па на лето со 200 милиони евра ќе купи други две ѕвезди со кои ќе продолжи проектот за изградба на млад тим на долг рок започнат со ангажманите на Винисиус, Родриго, Едуардо Камавинга, Орелиен Чуамени…

Поралот „Диарио Гол“ објави дека на Флорентино Перез веќе му здодеала играта „доаѓам-не доаѓам“ со Мбапе, кој еднаш го извиси летоска за да потпише нов договор со ПСЖ, а и во случајот со Белингам кој еден ден сака, друг ден размислува за Премиерлигата, настрана што и „милионерите“ бараат многу пари за трансферот.

Поради ова, Реал наводно сега се сконцентрирал да даде 200 милиони евра за да ги купи италијанскиот репрезентативец од Јувентус, Федерико Кјеза и младата португалска ѕвезда на Милан, Рафаел Леао.

Пронајдете не на следниве мрежи: