Регистриран благ пад на новозаразени со коронавирусот во Хрватска

Во Хрватска денеска се регистрирани само 14 нови случаи на лица заразени со коронавирусот, соопштија од Штабот за цивилна заштита.
Како што јави дописникот на МИА, со ова вкупниот број заразени изнесува 495. Денес на домашно лекување се отпуштени и 22 пациенти кои беа хоспитализирани поради Ковид-19.
Министерот здравство Вили Берош изјави дека веќе четврти ден по рад бројот на ново заразени опаѓа.
Хрватска денеска ја регистрираше втората жртва од Ковид-19, а се работи за постаро лице кое претходно имало хронични болести.
Денес од Кроејша Еирланс објавија дека ги регистрирале први два случаја на вработени заразени со коронавирусо

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.