Малиот француски електричен супермини Renault 5 и неговиот „близнак“ од Alpine ја добија наградата за европски автомобил на годината.Renault 5/Alpine A290 беше избран за Европски автомобил на годината од кратката листа на кандидати и доби вкупно 353 поени. Победникот беше прогласен денеска на автомобилскиот саем во Брисел, а наградата ја прими шефот на Рено, Фабрис Камболива.“Ние сме исклучително горди на оваа престижна награда за автомобил на годината. Renault 5 ги прави електричните автомобили пожелни и инспирира емотивни реакции. Ако постои автомобил со потенцијал да го трансформира пазарот на електрична енергија, тоа е ова”, рече Камболив.Наградата за автомобил на годината се смета за една од најпрестижните во Европа. Победниците ги избира жирито составено од 60 автомобилски новинари од 23 земји, а секој автомобил лансиран во текот на изминатата година е кандидат за титулата. Жирито ги зема предвид општиот дизајн, удобноста, безбедноста, економичноста, управувањето и општите карактеристики на патот, перформансите, функционалноста, општите еколошки барања, задоволството на возачот и цената. Техничките иновации и односот вложено – добиено се главните фактори.Членовите на жирито во финалето имаат на располагање 25 поени, кои ги делат на седум автомобили. Максималниот број што член на жирито може да му го додели на најдобриот кандидат е 10.Што се однесува до останатите кандидати, на второ место е Kia EV3 со 291 поен, додека на третото место е моделот Citroën C3/ëC3 со 215 поени. Dacia Duster доби 172 поени, Hyundai Inster 168 поени, а Cupra Terramar вкупно 165 поени. Во топ 7 е и Алфа Ромео Јуниор со 136 бодови.
Пронајдете не на следниве мрежи: