РЕФЕРЕНДУМ ЗА ВОЈНА !? Латинска Америка на чекор пред крвав конфликт ?

Во Венецуела се одржува референдум за одлучување за иднината на голем дел од соседна Гвајана, за која венецуелската Влада тврди дека била украдена кога границата север-југ била исцртана пред повеќе од еден век.

Гвајана смета дека референдумот е чекор кон анексија.

Николоски: Тврдам дека Албанија никогаш нема да стане членка на ЕУ
Министерот за транспорт и врски Александар Николоски, зборувајќи за евроинтегративниот процес на Македонија, во интервју за Канал 5 рече дека тој прв изјавил дека нашата земја ќе биде споена со Албанија на патот кон ЕУ. Николоски во …
Трамп: Ако не победам на изборите, Изpаел нема да поcтои
Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека американските еврејски гласачи ќе бидат делумно виновни доколку тој ги загуби изборите на 5 ноември од потпретседателката Камала Харис, кандидатот на демократите. За време на Националниот самит на израелско-американскиот совет …

Референдумското прашање е дали Венецуелците поддржуваат формирање држава на спорната територија позната како Есекибо, давање државјанство на сегашните и идните жители на областа и отфрлање на јурисдикцијата на највисокиот суд на Обединетите нации за решавање на споровите меѓу двете јужноамерикански земји.

Меѓународниот суд на правдата во петокот и нареди на Венецуела да не презема мерки што би можеле да ја сменат контролата на Гвајана врз Есекибо, но судиите конкретно не им забранија на официјалните лица да го одржат денешниот референдум со пет прашања.

Гвајана побара од судот да и нареди на Венецуела да го прекине гласањето на референдумот.

Правните и практичните последици од референдумот остануваат нејасни, посочуваат медиумските агенции.

Територијата на Есекибо од 159.500 квадратни километри е две третини од Гвајана и исто така се граничи со Бразил, чие Министерство за одбрана на почетокот на неделава соопшти дека ги „интензивирало одбранбените акции“ и го зголемило своето воено присуство во регионот поради спорот.

Есекибо е територијално поголема од Грција и е богата со минерали.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.