Сирењето и спанаќот се добра комбинација во пити, a наместо спанаќ, можете да користите блитва или коприва, да додадете пржени коцки сланина, па дури и да си поиграте со неколку различни видови стопени сирења.
Рецепт за вкусна пита со сирење и спанаќ
Потребни состојки:
Тесто:
250 гр брашно
125 гр путер
1/2 лажичка сол
1 јајце
Полнежот:
400 гр спанаќ
250 гр урда
100 гр фета сирење
1 мал кромид
250 милилитри павлака
1 јајце
малку сол
Начин на подготовка:
Исечете го путерот на парлиња. Измешајте ги сите состојки за тестото, а потоа месете со рацете и формирајте топка. Расукајте го и ставете го тестото во подмачкан калап за пити.
Спанаќот сварете го во вода минута или две, а потоа исечкајте го. Исечкајте го и кромидот и пропржете го, па додадете го спанаќот и кратко пропржете уште еднаш. Оставете да се олади. Измешајте ја урдата со павлаката и додадете ги јајцето и фетата. Сè добро измешајте и додадете го спанаќот.
Ставете ја смесата врз тестотот. Покријте го тестото со алуминиумска фолија и печете околу 20-30 минути на 180-190 степени Целзиусови.