Рецепт за крцкави пилешки стапчиња со сусам

Ако барате брз и вкусен ручек, задоволете го вашето семејство со интересен и едноставен рецепт. Пилешките стапчиња се совршени солени закуски што ќе го воодушеват вашето непце. Ова е омилен оброк за повеќето деца и највообичаен избор во рестораните за брза храна. Сепак, варијантата подготвена дома е далеку поздрава и подеднакво вкусна.
Маринадата направена од зачини по ваш избор и сенф ќе придонесе за подобар вкус на стапчињата. Можете да ги јадете сами, а исто така се одлични во комбинација со зеленчук на скара и помфрит.
Состојки:
600гр пилешко филе
1 лажица сенф
2 лажици масло
сол, бибер
зачини по желба
За поховање:
3 јајца
200гр презла
сол
масло за пржење


Подготовка:
Исечете го месото на ленти, потоа ставете го во сад и додадете сол, бибер, зачини по желба, масло и сенф и измешајте се добро, а потоа оставете го во фрижидер половина час.
Загрејте го маслото во длабока тава.
Секое парче пилешко валкајте го прво во презла, потоа во јајцата што претходно сте ги измателе и на крај во сусамот.
Внимателно потопете го пилешкото во длабоко масло и пржете неколку минути од едната страна и неколку минути од другата, додека малку не порумени. Ставете ги пржените стапчиња на хартиена крпа за да се исцедат вишокот маснотии.
Послужете ги топли и уживајте во секој залак.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.