Внимателно измешајте ги сите состојки, а потоа ќе може да уживате во овој едноставен, но превкусен рецепт.
Здодевни ви се класичните методи за подготвување компири? Зошто не пробате печен компир во алуминиумска фолија, со рендано сирење?
Овој едноставен, но фин рецепт може да го послужите со месо или пак риба, но толку многу е неодолив што може да го јадете без никаков прилог.
Состојки:
– 3 големи компири со кора;
– 400 милилитри полномасна кисела павлака;
– 300 грама изрендан чедар;
– 1 лута пиперка;
– сол и мелен црн бибер по желба.
Подготовка:
1. Загрејте ја рерната на 200 степени целзиусови.
2. Компирите добро измијте ги, исушете ги, па потоа секој посебно замотајте го во алуминиумска фолија. Секој од компирите прободете го со нож на неколку места.
3. Компирите ставете ги во рерна околу 75 минути, односно додека не бидат термички обработени до крај.
4. Извадете ги компирите од рерна, оставете да се изладат. Може да ги оставите и во фрижидер.
5. Изрендајте го компирот со кората, а потоа измешајте го со ситно исечканата лута пиперка, изренданото сирење и киселата павлака. Посолете по желба.
6. Внимателно измешајте ги сите состојки.
7. Ставете ги компирите во сад кој претходно сте го премачкале со масло за јадење, па печете на 220 Целзиусови степени околу половина час.
Пријатно јадење!