Рецепт за палачинки со тиквички кои ќе сакате да ги јадете за појадок, ручек и вечера

Сакате и палачинки и тиквички? Зошто тогаш не ги споите и да го испробате овој одличен рецепт?
Палачинките со тиквички навистина се сестрани, па токму поради тоа можете да ги јадете во било кој период во денот.
Потребни состојки:
– 3 jaјца
– 350 мл. млеко
– 100 мл. минерална вода
– 1 тиквичка со средна големина
– 50 гр. растопен путер
– 250 гр. брашно
– сол и бибер
– малку свеж копар
– масло за печење на палачинките
Начин на подготовка:
1. Тиквичките излупете ги, измијте ги и изрендајте ги. Малку посолете ги и оставете ги да отстојат 20 минути за да пуштат вода. Потоа исцедете ги.
2. Разматете ги јајцата во малку подлабок сад и додајте им сол и бибер. Можете да ставите и други зачини по своја желба. Додајте го брашното, млекото и минералната вода и направете смеса за палачинки. Ако забележите дека е преретка, додајте уште малку брашно.
3. Во смесата додајте ја изренданата тиквичка и исечканиот копар и промешајте.
4. Палачинките класично печете ги во тава. Можете да ги сервирате со сос од кисела павлака и копар или било кој друг сос по желба. Одлични се и полнети со месо, па запечени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.