Свежите тиквички се совршениот летен зеленчук кој може да се подготви на различни начини. Во продолжение прочитајте го нашиот предлог за тиквички со пармезан.
Потребни состојки:
2-3 тиквички
200 грама лебни трошки
150 грама пармезан
65 грама свеж босилек
1 лажичка лук во прав
½ лажичка сол
црн пипер
2 јајца
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 220 степени целзиусови. Измијте ги тиквичките и исечкајте ги на тенки парчиња. Во еден сад изматете ги јајцата, а во друг измешајте ги лебните трошки, пармезанот, солта, биберот, лукот и босилекот.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.