Носете црвено
Го знаете тој познат израз paint the town red? Истражувачите од Универзитетот во Рочестер откриле дека жените кои носат црвена долна облека повеќе ги привлекуваат мажите. И тоа не е сè, жените кои носат кратки црвени фустани се исто така многу попривлечни за машкото око.
Значи, знаете што да направите, но останува прашањето – долна облека или фустан? Наша препорака: Носете црвена долна облека за вашето момче, а доколку сакате да фатите ново момче, задолжително излезете во град во црвен фустан.
Гледајте го директно во очи
Звучи како клише, но истражувањата покажуваат дека мажите ги привлекуваат жени кои знаат да изгледаат интензивно. За време на истражувањето во Велика Британија, од мажите било побарано да ја оценат привлечноста на жените од начинот на кој ги гледаат. Резултатите покажаа дека најдобри се насмеани девојки со продорен, но истовремено и суптилен поглед.
Следниот пат во кафуле, не глумете недостижни, туку упатете му на момчето на кое ви се допаѓа само поглед, туку и насмевката. Верувајте ни, наскоро покрај пијалокот ќе го имате и неговиот телефонски број во ваша рака.
Одередете датум
Го знаете оној ден од месецот кога се чувствувате многу секси и женствено? Тоа е тој славен „четиринаесетти ден“. Се прашувате за што зборуваме? Жените се најпривлечни за време на периодот на овулација.
Истражувањето на Универзитетот во Виена покажа дека жената тогаш произведува супстанца наречена копулин. Токму овој хормон одговара на нивото на машки тестостерон, поради што, драги девојки, токму тогаш сте неодоливи за спротивниот пол. Затоа, календарите во рака и пресметајте кога ви е среќен ден.
Зборувајте со својот секси глас
Истражувањето од универзитетот во Њу Јорк покажа дека жените со повисок и помазен глас се многу привлечни за мажите. Веројатно затоа што им се допаѓа како ќе звучи за време на оргазмот.
Па „облечете“ го вашиот секси глас што ќе го соори од нозе дури и во површен разговор.притисок