Денес ви споделуваме рецепт за чоколаден ролат – вкусен, брз и лесен за правење, кој може да се чува неколку дена.
Потребни состојки:
120 грама шеќер
100 милилитри вода
120 грама маргарин за колачи
200 грама чоколада за готвење
200 грама мелени бисквити
100 грама ситно искршени бисквити
50 грама мелени ореви
80 грама крупно сечкани ореви
100 грама суво грозје (или брусница)
Начин на подготовка:
Во тенџере сипете вода, додадете шеќер, па ставете го на шпорет. Кога шеќерот ќе се растопи и водата ќе зоврие, додадете маргарин и чоколадо искршено на парчиња. Тргнете го тенџерето од шпорет и мешајте со лажица додека не се стопат маргаринот и чоколадото.
Додадете ги сите други состојки освен шеќерот во прав (само постепено додавајте мелени бисквити, можеби нема да ви треба целата количина) и измешајте.
Оставете ја смесата да се излади околу 10 минути, а потоа поделете ја на два еднакви дела. Секој дел завиткајте го посебно во проѕирна фолија, формирајќи ролат.