Рецепт за чоколадна торта со малини и ф’стаци

Потребни состојки за кората: ⁣
250 гр урми без коски
50 гр бадеми
50 гр ореви
50 гр ф’стаци⁣
50 гр кокосови снегулки
Измешајте ги сите состојки за кората во сечкач, а смесата треба да биде леплива. Ставете ја смесата во калап со дијаметар од 24 цм, обложен со хартија за печење и добро притиснете.⁣
Потребни состојки за филот:
300 гр индиски ореви потопени во вода најмалку 4 часа⁣
400 мл растително млеко⁣
200 гр растопен кокосов путер
80 гр органско какао
200 гр мед / јаворов сируп⁣
Во блендер измешајте ги сите состојки за филот и мешајте додека смесата не остане без грутки.⁣
Ставете го филот во калапот преку кората и протресете го калапот за рамномерно да го распределите филот.
Останати состојки:
200 гр малини⁣
Ставете ги малините во филот, така што нема да бидат видливи на врвот на тортата.
Ставете ја тортата да стои во фрижидер преку ноќ или во замрзнувач најмалку 2 часа⁣.
Украсете со ф’стаци.⁣

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.