Рецепт на денот: Мусака ролат

Мусака е јадење кое сите го сакаат, а можете да го направите и како ролат.

Мусака е старо јадење што секоја земја го прави на различен начин. Доколку сте љубители на ова јадење од компири и мелено месо, тогаш ви предлагаме да пробате да направите ролат од мусака. Идеален е доколку имате некоја слава, но и за претстојната велигденска трпеза. Она што овој рецепт го разликува од познатата класична мусака е кашкавалот што се додава. Вкусот е фантастичен и сите ќе ве замолат да им го споделите рецептот.

Потребни состојки:
900 гр компири
300 гр кашкавал
2 лажици масло
За полнењето:

500 гр мелено месо (по избор)
2 лажици масло
1 кромид
3 зелени пиперки
3 чешниња лук
2 лажици сос од домати
1 лажичка доматна паста
малку магдонос
Подготовка:

Тавчето обложете го со хартија за печење и посипете со рендан кашкавал. Над тоа наредете ги компирите што сте ги исечкале на тенки прстени. Посолете и премачкајте со масло, па печете во рерна на 200°C околу половина час. Пропржете ситно сечкан кромид, па додадете мелено месо и ситно сечкана пиперка. Кон крајот прелијте со сот од домати, доматна паста, сечкан лук и сечкан магдонос. Зачинете по желба, па пржете додека не биде готово. Извадете ги компирите од рерна и посипете ги со рендан кашкавал, па мелено месо, па повторно кашкавал. Свиткајте како ролат, посипете со кашкавал и сечкан магдонос, па печете уште 10 минути на 200°C.

Рецепт на денот: Мусака ролат
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.