Речиси целата музичка естрада денес дојде на градските гробишта во Ѓорче Петров да го испрати пејачот Влатко Илиевски во неговиот вечен дом, пренесува А1он.
Освен семејството, неговите музички колеги, тука беа и голем број на фанови, блиски пријатели, роднини.
Со солзи во очите и венци свежо цвеќе, скршени влегуваа во капелата за да му оддадат почит на Влатко.
Елена Ристеска, Бени Шаќири, браќата Тавитијан, Дани Димитровска, Џокси, Стефан и Мартин од Некстајм, Роберт Билбилов, Слаткар, Весна Петрушевска, беа само дел од оие кои со неверување дојдоа за последен пат да се простат од нивниот пријател.