Агенцијата на Обединетите нации соопшти дека до вчера градот на границата со Египет го напуштиле 110 000 Палестинци, истовремено тврдејќи дека околу 300 000 луѓе се погодени од најновите израелски наредби за евакуација
Од почетокот на неделата, речиси 150 000 жители на Газа побегнале од Рафах, стравувајќи од натамошно напредување на изрелската офанзива, објави денеска Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци – УНРВА.
Израел денеска ги прошири повиците за евакуација и на жителите од централниот и другите делови на Рафах, давајќи им инструкции да се преселат во градот Ал-Маваси на брегот на Средоземното Море.
Со ова сè поизвесно станува дека израелската војска плaнира да ги прошири своите операции за елиминација, на како што вели, палестинското милитантно исламистичко движење Хамас и покрај засилените повици од меѓународната заедница да се повлече од офанзивата врз Рафах.
Меѓу оние кои повикуваат на повлекување се и Обединетите нации (ОН) и Соединетите Американски Држави (САД), кои се главен сојузник на Израел.
УНРВА соопшти дека до вчера градот на границата со Египет го напуштиле 110 000 Палестинци. Агенцијата тврди дека околу 300 000 луѓе се погодени од најновите израелски наредби за евакуација и дека тие се однесуваат и на области во други делови на крајбрежниот појас.
At least 300,000 people affected as further areas across #GazaStrip receive new evacuation orders today, both towards central #Rafah in the south AND #Jabalia in north #Gaza@UNRWA estimates 150,000 people have now fled #Rafah since Monday, looking for safety where there’s none. pic.twitter.com/9UNfo6b0rW
— UNRWA (@UNRWA) May 11, 2024
Во соопштение на администрацијата на американскиот претседател Цо Бајден, кое беше објавено синоќа, се вели дека Израел можеби го прекршил меѓународното хуманитарно право во Газа со користење на оружје кое било набавено од Соединетите Американски Држави, но поради актуелните услови на војување не може со сигурност и во целост да се утврдат овие наводи.
Соопштението се толкува како најсилна изјава на актуелната администрација кога станува збор за војната помеѓу Израел и Хамас.