Речиси 3.000 македонски државјани побарале бугарски пасош во 2023 година

Бугарија ја одржува позицијата да биде мека на странски државјани кои бараат бугарски пасош. Според информациите на министерот за правда, како одговор на пратеничко прашање во 2023 дури 20.817 странци побарале бугарски пасош. Меѓу нив се 2.990 граѓани на Македонија.

Со сечење на џиновската пастрмајлија почна штипската „Пастрмалијада“
Со сечење на џиновската пастрамајлија и официјално се отвори манифестацијата штипска „Пастрмалијада“, а воедно се пушти во употреба и прво шеталиште во Штип, на улицата „Ванчо Прќе“. По тој повод денеска во посета на Штип …
Мицотакис на ФБ: Грција станува сѐ посилна
По одлуката да набават уште една четврта по ред фрегата Белара, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на Фејсбук напиша:„Грција станува сѐ посилна“.Министерот за одбрана – Никос Дендиас соопшти дека Грција ја реализира големата програма за зајакнување …

Генерално, бугарски пасоши бараат граѓани од регионов и од земјите кои се во војна или на работ на фронтот. Интересно е што бројот на барањата за бугарски пасош од Албанија е поголем од Македонија.

Според податоците, најмногу барања за бугарски пасош пристигнале од Украина – 3.141, па од Албанија – 2.992, Македонија 2.990, Русија – 2.262, Молдавија – 1.518, Србија – 1.151, Израел – 361, а од Косово стигнале само четири такви барања.

Најголем дел од овие барања се заведени под графата дека апликантите имаат бугарско потекло.

Во изминативе години имаше намален интерес за бугарски пасоши: во 2020 имало 9.639, во 2021 – 15.809, а во 2022 – 16.711.

Сите кандидати за бугарски пасош треба да поминат низ безбедносна проверка на министерството за внатрешни работи и тајната служба.

Според она што се знае, за последниве 15 години околу 120.000 македонски граѓани добиле бугарски пасоши.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.