„Рипна“ стандардот и на Муцунски – Носи патики од 450 евра

Што би рекле од ВМРО-ДПМНЕ, секако додека беа опозиција, рипна стандардот на министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, кој почна да носи патики од 450 евра, иако за истите парики од неговата партија претходно му реагираа на Артан Груби.

Претходно од ВМРО-ДПМНЕ велеа дека Артан Груби е човек без срам, носи патики од 450 евра и во очи и се смее на целата македонска јавност. Бидејќи ќесто сакаат да кажат дека се доследни на нивните ставови, очекуваме ВМРО-ДПМНЕ да реагира и на стандардот и стилот на Тимчо Муцунски и да напише дека:

„Тимчо Муцунски глуми моден гуру и замислете, на очиглед на целата македонска јавност, се облекува во патики кои чинат дури колку една македонска плата. Тимчо Муцунски вчера, смеејќи и се на целата македонска јавност во лице се пофали со патики “Off-White” кои чинат над 450 евра.

Да потсетиме дека половина милион граѓани живеат со само 150 денари на ден и немаат леб да јадат, а Муцунски почна да се облекува во патики кои чинат повеќе од 27.000 денари. Нека се запраша дали тие граѓани на своите деца можат да им купат патики од над 27.000 денари.“.

Инаку Муцунски претходно објави дека зголемувањето на платата на функционерите за 78% ќе го донира на семејствата на уставобранителите. Дали донирал не знаеме, ама знаеме дека уставобранителите не се ослободени, закон за бранители не се носи, а Муцунски си купил патики од 450 евра, додека милион луѓе живеат со 150 денари на ден.

Пронајдете не на следниве мрежи: