Родителите збеснале кога виделе каква храна јадат нивните деца во училиште

Кога синот на 47- годишниот Дејвид Рутерфорд почнал да му се жали на храната во училишната менза, таткото не му придавал големо значење.
Но, кога на социјалните мрежи видел како изгледа оброкот што го јадат децата, заедно со неговито син, му забранил да јаде на училиште. Набргу на фотографиите од оброкот реагирале и другите родители во британското средно училиште „Блергоури“ во местото Пертшајр.
„Ја изгубивме целата доверба дека училиштето ќе ги нахрани нашите деца. Отсега ќе им подготвуваме храна за да си ја донесат или ќе се вратат дома за ручек. Ужасно е. Сега разбираме зошто децата сакаат да јадат по пекари. Ова е навистина одвратно. Ако ми донесат вакво нешто во ресторан, веднаш би го вратил. Не можам да дозволам син ми да го јаде ова“, изјави Дејвид за британските медиуми.

Наскоро, фотографии од училишни оброци од истото училиште ги објавија и другите родители. Меѓу нив имаше прикажано сендвич од тесто и едно стапче риба, како и оној со мало парче шунка и лажица свежо сирење.
“Тие служат оброк што не би го дале ниту на куче. Работата е, таква храна се дава цело време”, изјави друга мајка.
Училишната компанија за производство на храна се извини за големината и изгледот на хамбургерите, но истакна дека „тоа се мисиркини, а не говедски, така што бледата боја на месото е нормална“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.