Родители внимавајте, секое дете ја носи во џеб: Оваа популарна играчка чини 50 денари, а е полна со штетни хемикалии

Според последните истражувања слајмот најпопуларната играчка помеѓу младите содржи големо количество од хемикалијата бор.
Тестовите кои беа спроведени покажуваат дека во овие „лигавци“ има 4 пати концентрација на оваа хемикалија од дозволеното според Европскиот стандард. Борот се користи со цел играчката да биде леплива, а надлежните ги повикуваат родителите да внимаваат што и каде купуваат.
Родителите треба да бидат внимателни и доколку одлучат на децата да им дозволат да направат дома слајм, бидејќи некои од состојките од кој се прави оваа лигава играчка како растворот за контактни леќи содржи боракс кој е напаравен од бор.
Низ скопските продавници оваа играчка може да се купи од 10 до 50 денари зависност од нејзината големина и пакување, но има и слајмови кои чинат и по 200 и 500 денари.
Слајмот стана хит пред една година, на Јутуб каналите станаа популарни видеата направете сами лигавци кои од милиони луѓе беа шерувани и гледани.
Големата клична на бор може да предзивика кожна иритација, диареја, главоболка, повраќање како и депресија. Исто така може да наштети на плодноста како и на плодот во стомакот на мајката, наведуваат од Европската комисија.


Родителите треба да внимаваат и да проверуваат на кутиите дали ја имаат ознаката СЕ, која означува дека е помината контролата на ЕУ. Повеќето играчки кои доаѓаат од Кина содржат токсични бои и олово кои можат да го нарушат здравјето на детето.
На пазарот во земјава има голем број сомнителни играчки што може да содржат опасни хемикалии по здравјето на децата, колкава контрола се врши врз увозот на играчките, колку често се земаат мостри од одредени играчки присутни во продавниците и се испитуваат нивните евентуални штетни супстанци, можноста за дигитално известување за составот и потеклото на играчката, беше во фокусот на дебатата „Институционална одговорност за хемиски безбедни играчки“.


Oд информациите на терен и од тестовите што ги извршивме на неколку играчки, дојдовме до сознанија дека 70 отсто од играчките што се увезени во земјава се опасни, а често се дојдени и по нелегален пат, особено на пазарите, каде што немаат ниту декларација. Еве да појдеме на пазарите, ќе видиме дека ниту една играчка нема декларација, не знаеме како дошла тука и кој ја продава, рече Наташа Доковска од организацијата „Новинари за човекови права“.
Доковска смета дека заради евтината цена, родителите купуваат се повеќе играчки, кои, заради лошиот квалитет, и брзо се кршат и завршуваат на депонии. Посочи и дека Новинари за човекови права и РАДАР со помош на овој проект на граѓаните ќе им понуди да избираат меѓу небезбедните и првата македонска еко играчка.
Истакна дека во земјава нема многу од брендираните играчки кои се сметаат за безбедни за децата, и го посочи податокот дека во 2013 година на македонскиот пазар имало 50 видови брендирани играчки, а сега само 20.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.