Периодот кога децата тргнуваат во градинка треба да биде период во кој тие ќе се научат на социјализација, заеднички ќе разменуваат идеи и ќе развиваат љубов кон бројките, буквите, сликањето итн.
Меѓутоа, денес градинките станаа место каде децата не одат за да ги развијат своите вештини, туку поради меѓусебен натпревар.
Децата коишто се наоѓаат во градинката, велат психолозите, наместо да се учат како да го наместат креветот, како да стекнат добри навики, како да се дружат во заедничка игра, тие се приморани да научат голем дел од образовен материјал, а притоа се занемаруваат психосоцијалните карактеристики кои им се неопходни за подоцнежниот нормален развој.
Како годините поминуваат, така за најмалите одењето во градинката претставува притисок, па сосема е нормално тие да не сакаат да ја посетуваат градинката, затоа велат психолозите, воспитувачите треба да внимаваат на следните работи:
1. Петгодишно дете не треба да има академско знаење
Иако, способноста да ги препознаваат буквите и бројките кај децата се јавува уште пред да започнат со училиште, тоа не значи дека тие треба да бидат генијалци од најмали нозе. Тие треба да се играат и да ги разиваат своите емоционални и социјални капацитети. Децата од најмали нозе се учат на љубов, емпатија, пријателства преку игра, а токму тие карактеристики се нопходни за нивен правилен развој. Не барајте премногу од вашето дете.
2. Децата во предшколската возраст треба да научат да го сакаат училиштето и образованието
Во најраните години децата оформуваат став за тоа дали нивното прифаќање на училиштето и образовните потреби ќе биде позитивно или негативно. Внимавајте детето да не добие негативен впечаток за образованието уште пред да започне со него.
3. И докторите ги потенцираат негативните ефекти поради притисокот кој се врши врз децата
Во училишните клупи веќе се` повеќе кај децата се забележуваат проблеми со вниманието, концентрацијата, како и со контрола на емоциите. Многу од овие проблеми се развиваат како резултат на тоа што од децата на шест или седум годишна возраст им се бара да имаат знаење за десетгодишно дете или слично. Затоа докторите советуваат на децата да им се остава и простор за играње, а не постојано да бидат пред книгата и да не знаат што навистина се случува околу нив.