Роналдо: Би сакал да постигнам гол на „Олд Трафорд“

Loading...

Кристијано Роналдо, еден од најдобрите светски фудбалери, по неколку години повторно ќе заигра на „Олд Трафорд“, но овој пат во дресот на Реал Мадрид.

Роналдо, на стадионот, на кој се стекна со светска слава и израсна во врвен фудбалер, ќе го предводи Реал во обид тимот, преку Манчестер Јунајтед да избори пласман во четврт финалето во Лигата на шампиони. Фудбалерите на Реал, во понеделникот пристигнаа во Манчестер, а новинарите ги интересираше дали Роналдо би сакал да постигне гол на „Олд Трафорд“, со оглед на тоа дека не му се радуваше на погодокот кој го постигна во Мадрид, на првиот натпревар. „Би сакал да постигнам гол. Тоа би било сензационално“, одговорил Роналдо на прашањето. Португалецот рекол е дека не размислувал како би го прославил евентуалниот погодок. Најдобриот играч на Реал очекува дека навивачите на ’црвените ѓаволи’ ќе го пречекаат онака како и што заслужува, пријателски. „Верувам дека приемот на стадионот ќе биде коректен. Во годините кои ги минав во Манчестер стекнав многу пријатели. Возбуден сум што по неколку години се враќам во градот каде што се чувствував многу убаво“, истакнал Роналдо. Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, во вторник од 20:45 часот, ќе го започнат реванш осмина финалниот меч во Лигата на шампиони, првиот натпревар одигран во Мадрид заврши со резултат 1:1.
Макфакс
Кристијано Роналдо, еден од најдобрите светски фудбалери, по неколку години повторно ќе заигра

loading...