Роналдо: Важна победа пред дуелот со Јунајтед

Loading...

Херојот на победата на Реал над Барселона, Кристијано Роналдо, изјавил дека неговиот тим одиграл фантастичен меч кој многу ќе му значи на тимот во продолжение на сезоната.

„Зад нас е добар натпревар-сериозно влеговме во натпреварот, имавме вистински пристап во играта. Игравме подобро, постигнавме три гола што е многу тешко против Барселона. Заслужуваме честитки“, рекол Португалецот кој во победата на Реал со 3:1 постигна два гола. „Вистина е дека во последно време против Барселона играме подобро кога гостуваме. Можеби така е подобро. Секогаш сме мотивирани кога играме против Барселона, но мислам дека наредниот меч во Примера (во сабота) нема да биде толку важен бидејќи тие во првенството имаат голема предност“, дополнил Роналдо. По дуелот со Барселона, во сабота, Реал го очекува осмина финалниот реванш во Лигата на шампиони против Манчестер Јунајтед. На првиот натпревар одигран пред три недели во Мадрид беше 1:1. „Сакаме да продолжиме во овој ритам. Овој натпревар е голем поттик за нас и ќе ни ја зголеми самодовербата пред мечот со Манчестер Јунајтед“, заклучил Роналдо.
Makфакс
Херојот на победата на Реал над Барселона, Кристијано Роналдо, изјавил дека неговиот тим одиграл фантастичен меч кој многу

loading...