Роналдо доби суспензија – ќе мора да почека за свое деби во Ал Наср!

Кристијано Роналдо пред Нова година потпиша за Ал Наср од Саудиска Арабија и ќе биде големо засилување, меѓутоа ќе мора да почека за негово деби за клубот.

„Дејли Мејл“ објави дека Роналдо е суспендиран и не може да дебитира утре за Ал Наср бидејќи додека играше во дресот на Манчестер јунајтед нападна навивач на Евертон и му го скрши телефонот.

Истрагата се водеше минатиот месец, а Роналдо ќе не може да настапи на следните два натпревари за Ал Наср, па негово деби се очекува дури на 21 јануари против Ал Етифак.

Суспензијата автоматски му се префрла на следниот клуб, па Роналдо ќе одмори барем уште две недели пред да заигра фудбал.

Пронајдете не на следниве мрежи: