Роналдо е невработен!

Со речник на човечките ресурси еден од најпознатите голгетери Кристијано Роналдо во моментов е под бирото за вработување.Нема актуелна фирма т.е клуб каде работи односно игра.Изгледа нема доволно квалификации за да заигра во европски клуб….

Не само што ја завршува без ниеден трофеј, туку последните шест месеци буквално е „шуткан“ од кого стигне, омаловажуван од медиумите и љубителите на фудбалот, а го одбија речиси сите важни клубови во Европа. На девет дена пред крајот на 2022 година, јасно е дека тој нема иднина во европскиот фудбал и дека негова следна станица ќе биде Саудиска Арабија.
Со оглед пак на катастрофалниот втор период во Манчестер Јунајтед и фактот што не освои ништо за 15 месеци во клубот, Кристијано Роналдо не доби разделба каква што можеби очекуваше.

Јунајтед се прости од него во неемотивен текст од 81 збор во кој само фактографски е наведено колку време и колку натпревари одиграл во двата мандата на Олд Трафорд, колку гола дал и што освоил. Се додава само дека на 22 ноември со соопштение бил објавен крајот на соработката и клубот му посакаува се најдобро во иднина.
Во периодот кога сите удираат по вреќата наречена Роналдо, се јави и извршниот директор на Ајнтрахт, Аксел Хелман кој откри дека и неговиот клуб имал можност да го донесе Португалецот во своите редови, но одбил.

„Имам чувство дека Роналдо беше понуден на сите клубови кои учествуваат во Лигата на шампионите“, изјави Хелман.
Роналдо неодамна демантираше, но европските медиуми упорно тврдат дека во текот на минатото лето „корпа“ на Португалецот му дале и Баерн, Челси, Атлетико Мадрид, па дури се спомнуваше и Барселона. Ваков крај на некогашниот врвен голгетер, веројатно никој никогаш не можеше да претпостави. Ако навистина замине во Саудиска Арабија, Меси ќе има можност да го собори дури и неговиот рекорд по бројот на постигнати голови во Лигата на шампионите бидејќи разликата меѓу нив е сведена на само 11.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.