Роналдо има желба да стане најдобриот стрелец на Реал

Loading...

 Кристијано Роналдо не ја крие амбицијата еден ден да стане најдобриот стрелец во клупската историја на Реал Мадрид.
Португалецот, минатиот викенд против Севиља постигна три гола, со што на вечната листа се израмни со Гент, двајцата, на шестото место, имаат по 182 погодоци.„Секогаш говорев дека рекордите постојат за да бидат надминати, кога го велам ова не мислам само на себе туку и на идните фудбалери. Среќен сум што влегов во историјата и воодушевен сум од овие бројки. Моја цел е еден ден да бидам прв“, рекол Роналдо.Португалскиот репрезентативец, доколку продолжи да постигнува погодоци со ова темпо ќе му бидат потребни уште три години за на првото место да го надмине Раул кој за Реал има постигнато 323 погодоци.
 Макфакс Кристијано Роналдо не ја крие амбицијата еден ден

loading...