Кралството Саудиска Арабија го слави 22 февруари како Ден на основањето, а Кристијано Роналдо, кој неодамна се пресели во Ал Наср, им честиташе на Саудијците за значајниот датум, облечен во традиционална носија и пиејќи кафе од филџан.
Португалецот на социјалните мрежи објави дел од прославата на која учествуваше, а особено интересна снимка беше кога пиеше кафе од филџан.
Исто така, како дел од настапот, Ронало носеше меч и испрати честитка.
„Среќен ден на основањето на Саудиска Арабија. Беше посебно искуство да се учествува во прославата на Ал Наср“, напиша Роналдо на Instagram.
Роналдо со саудискиот фудбалски гигант потпиша договор до летото 2025 година, а во Ријад ќе заработи вистинско богатство. Основната плата на му е околу 70 милиони евра, но заедно со бонусите и спонзорските договори Португалецот ќе заработува 200 милиони евра годишно, или 500 милиони за целиот договор.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.