Францускиот фудбалер Пол Погба доби необична понуда од Русија.
Славниот Французин неодамна доби четиригодишна суспензија од фудбалот бидејќи бил позитивен на допинг тест.
Погба беше позитивен на синтетички тестостерон во август минатата година, а Антидопинг агенцијата го прифати барањето на обвинителот да го суспендира на четири години.
Суспендираниот фудбалер сега доби понуда од Русија да игра во нивната Медиа лига.
Станува збор за проект кој е создаден во 2022 година, а тимовите се состојат од различни познати личности, вклучувајќи актери, спортисти, пејачи и други.
Погба доби повик од тимот на Брок Бојс. Наводно, преку менаџерот му понудиле скромна плата од само 1.500 долари месечно.
„Можеби изгледа како шега, но ние му се јавивме, тој учтиво ја одби понудата. Тој е во очајна и тешка состојба, му треба малку време да прифати дека нема да игра фудбал толку долго. Нашата лига во моментов е најсериозната во која може да игра“, изјави директорот на рускиот клуб.