Командантот на вооружените сили на Украина во југоисточниот правец на фронтот, Александар Тарнавски, наведува дека руската армија наеднаш ги засилила нападите на тој дел од фронтот!
– Нападите на руските окупатори се речиси двојно зголемени во претходните 24 часа, вклучително и воздушни напади и гранатирање на нашите позиции – предупредува командантот на вооружената група Таврија на својот канал Телеграм.
73-годишен татко му се заканил на својот 48-годишен син дека ќе го убие
СВР Тетово поднесе кривична пријава против 73-годишниот Т.А. од Тетово поради „загрозување на сигурноста“ во врска со семејно насилство. Имено пријавениот на …
Преку мобилна апликација се заканувал и сакал да изнуди 100 илјади денари
СВР Скопје поднесе кривична пријава против 25-годишниот Ф.С. поради сторено кривично дело „изнуда“. „Пријавениот, во периодот од 29.10.2024 до 04.11.2024 преку мобилна …
Тарнавски наведува и дека најжестоките борби се водат околу Авдијивка и кај Маринка.
Руските воени блогери исто така известуваат дека се водат тешки борби.
- Нашата авијација и артилерија активно работат. Јужно од Маринка, главните напори на руската армија се концентрирани во близина на Новомихајловка. Нема значителни промени на линијата на фронтот. На правецот Авдијево се водат крвави борби. Активните области на фронтот се во околината на Степовеј, фабриката за кокс, Опитни и Невелској – според воениот блогер Рибар.
Руските сили, наводно, напредуваат и кон Часив Јар.
- Иницијативата е во рацете на нашите војници! Вооружените сили на Русија спроведуваат офанзива на Богдановка и Хромова. На југ, кај Курдџумовка, беше пријавено дека се окупирани неколку непријателски позиции – вели Рибар.