- Забележан манијак во Центар, се соблакал пред малолетнициВчера во 12.40 часот во СВР Скопје, од страна на… Read more: Забележан манијак во Центар, се соблакал пред малолетници
- Уапсени Турци во Карпош: Незаконски престојувале во државата, кај еден од нив пронајдена дрогаДвајца Турци уапсени синоќа во скопски Карпош. Незаконски престојувале во… Read more: Уапсени Турци во Карпош: Незаконски престојувале во државата, кај еден од нив пронајдена дрога
- УКРАИНА СТАВИ ДУРИ И САНКЦИИ ЗА РУСИЈА, ИРАН И КИНА: Зеленски потпиша важен декрет, еве кој е засегнат од меркитеПретседателот на Украина Володимир Зеленски ја спроведе одлуката на Советот… Read more: УКРАИНА СТАВИ ДУРИ И САНКЦИИ ЗА РУСИЈА, ИРАН И КИНА: Зеленски потпиша важен декрет, еве кој е засегнат од мерките
- Билети за концертот на Адел од 3.500 долари до огромни 70.000 долари: Фановите гневни …По Европа, британската поп пејачка Адел ја продолжува турнејата во… Read more: Билети за концертот на Адел од 3.500 долари до огромни 70.000 долари: Фановите гневни …
- ОВА СЕ ТАЈНИТЕ РУСКИ ГУГИ СИЛИ: Подготвени да ги пресечат интернет каблите што ја поврзуваат Европа со Америка!САД повторно алармираат за зголемена руска воена активност во близина… Read more: ОВА СЕ ТАЈНИТЕ РУСКИ ГУГИ СИЛИ: Подготвени да ги пресечат интернет каблите што ја поврзуваат Европа со Америка!
Криминалниот режим на владата на Албин Курти премина на активно етничко чистење на Србите, објави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, коментирајќи ги антисрпските чекори на косовските власти.
„Криминалниот режим на премиерот Курти дефинитивно премина на активно антисрпско етничко чистење – прогон на Србите од нивните оригинални територии. На овој начин Приштина се обидува да избегне исполнување на своите обврски, пред сè, формирање на заедница на српски општини“, изјави Захарова.
Според неа, позицијата на Србите на Косово од ден на ден се влошува, а кршењето на резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН стана „темна рутина“. Нивото на меѓуетнички тензии драстично се зголемува.
Се вршат и незаконски претреси, се одземаат документи и пари, се приведуваат вработени, се измислуваат кривични предмети, изјави Захарова.
Западот, охрабрувајќи го Курти, се обидува да го казни Белград за неговата решеност да го брани националниот суверенитет и правото да води независна политика, како и за неговата решителност да ги зачува пријателските односи со Русија и другите земји кои се надвор од евроатлантската орбита, заклучи портпаролот на руското Министерство за надворешни работи.