Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров му пренел дека Србија поднесува барање за итна седница на Советот за безбедност на ОН поради ситуацијата на Косово и Метохија, а додаде дека Лавров му ветил поддршка.
Дачиќ објасни дека барањето за итна седница на Советот за безбедност на ОН е поднесено поради општата ситуација на Косово и Метохија, теророт врз Србите, обидите за укинување на динарот и сè што претставува кршење на резолуцијата 1244 и сите други меѓународни документи поврзани на Косово и Србија.
- Белоусов: Руската армија самоуверено напредува во насока Курахово во ДНР – Украинците се повлекуваатВооружените сили на Русија самоуверено напредуваат во насока Курахово во ДНР,… Read more: Белоусов: Руската армија самоуверено напредува во насока Курахово во ДНР – Украинците се повлекуваат
- Со сечење на џиновската пастрмајлија почна штипската „Пастрмалијада“Со сечење на џиновската пастрамајлија и официјално се отвори манифестацијата штипска… Read more: Со сечење на џиновската пастрмајлија почна штипската „Пастрмалијада“
- Мицотакис на ФБ: Грција станува сѐ посилнаПо одлуката да набават уште една четврта по ред фрегата Белара,… Read more: Мицотакис на ФБ: Грција станува сѐ посилна
- Мишел вели дека сега е клучно да се спроведат обврските од минатотоСо сегашниот моментум во проширувањето на Европската Унија, Република Северна Македонија… Read more: Мишел вели дека сега е клучно да се спроведат обврските од минатото
- Во Карпош приведени двајца Турци кои го пречекориле престојот во МакедонијаВо Карпош вчера биле приведени двајца Турци бидејќи го пречекориле дозволениот… Read more: Во Карпош приведени двајца Турци кои го пречекориле престојот во Македонија
– Шефот на Постојаната мисија на Србија во Обединетите нации, Немања Стевановиќ поднесе барање за одржување итна седница на Советот за безбедност. Барањето за итна седница е поднесено до Чаир, односно Гвајана. Тоа барање може да се усвои без гласање, односно без приговори, но ако некој бара, може и да се гласа, бидејќи тоа е практика која е воведена последните години. Сметаме на таква ситуација сите земји сами да го прифатат одржувањето на оваа седница – изјави Дачиќ по министерскиот состанок за Западен Балкан во Рим.
Дачиќ додаде дека образложението на барањето за итната седница ја содржи целата хронологија и опис на актуелната состојба на Косово и Метохија.
– Многу брзо ќе имаме одговори на сите овие прашања. Амбасадо рот на Гвајана сигурно ќе свика состанок на кој ќе се разговара за ова прашање. Зборував со моите колеги и разговарав со претседателот утрово. Делот што сега е во ред е дел од она со што се занимава МНР. Сè останато подготвија канцеларијата за Косово и Метохија и преговарачкиот тим предводен од претседателот, со што одиме на седницата – рече Дачиќ.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.