Во Русија му се суди на Владимир Ческидов (51), обвинет од Екатерина Б (целосниот идентитет не се открива) дека ја киднапирал кога имала 19 години и ја држел заробена во еден вид зандана во регионот Чељабинск, каде што живеел со својата мајка.
Екатерина тврди дека ја силувал повеќе од 1.000 пати пред да успее да побегне на 33-годишна возраст по 14 години заробеништво. Неговата мајка Валентина Ческидова е обвинета за помагање во извршувањето на кривичното дело.
Полицијата го истражува Ческидов и за убиство на друга жена во 2011 година. Во подрумот на неговиот имот биле пронајдени исечените и варени останки на Оксана, која имала 30-тина години, пишува Дејли мејл. Ческидов денеска се појави на суд и беше прогласен за способен да му се суди, иако претходно одредено време помина во психијатриска болница.
Екатерина тврди дека 51-годишниот ѝ се заканил со нож и ја принудил да му помогне да ја распарчи Оксана за да се ослободи од нејзиното тело. Рекла дека успеала да побегне кога Ческидов толку се опил што повеќе не бил свесен и кога мајка му повикала брза помош. Бидејќи не ја заклучил „занданата“, Екатерина побегнала во селото и ја нашла својата сестра Елена Ф, која ја барала 14 години
“Таа ми кажа сè. Ми рече дека кога првпат ја киднапирал, таму имало друга девојка. Ја претставил како негова сопруга. Но потоа дошло до расправија и ѝ забил нож во главата. Потоа ја распарчил. Ги ставил посмртните останки, рацете и нозете, во буре и ги закопа“, рече Елена.
Екатерина го сретнала обвинетиот на железничка станица. Тој ѝ платил пијалок, а потоа ја повикал дома. Дома ја врзал и ѝ ја залепил устата со селотејп. Потоа ја принудил да му готви, да чисти и да се грижи за мајка му.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.