Претседателот на Руската фудбалска федерација (РФФ), Александер Дјуков рече дека размислуваат за напуштање на УЕФА и приклучување на Азиската фудбалска конфедерација (АФК).
Поради нападот врз Украина, УЕФА ја суспендира Русија од сите репрезентативни и клупски натпреварувања, истото го направи и ФИФА, па русите размислуваат за промена на континентот во кој ќе се напреваруваат.
„Пред неколку месеци реков дека размислувањето за преселба во Азија е прерано, но сега е можност која треба да ја разгледаме“, изјави Александер Дјуков за руските медиуми.
Претседателот на РФФ, вели дека сè уште не разговарал со АФК бидејќи и покрај целата ситуација не сака да разговара зад грб на УЕФА.