РУСИЈА СЕ ПОДГОТВУВА ЗА НОВА ВОЈНА? Германците открија шокантни информации од разузнавачките служби, нападот почнува следната зима, а се чека само ЕДНО

Според „Билд“, Русија следната зима би можела да нападне една од европските земји.

Германскиот весник, повикувајќи се на свои извори во една од европските разузнавачки служби, наведува дека Руската Федерација би можела да ја нападне Европа за време на претседателските избори во САД, бидејќи големата сила ќе се најде без лидер некое време и веројатно нема да може да им дојде на помош на своите сојузници или тоа ќе го направи со задоцнување.

Светските лидери реагираат на израелскиот напад врз Либан
Среде моќните напади на Израел врз Либан, CNN ги пренесува реакциите на светските лидери за големата ескалација на насилството во која загинаа повеќе од 500 луѓе, а …
Либанскиoт министер: Ќе бидеме во тешка позиција ако Хезболах продолжи да се коцка
Либан ќе биде во многу тешка позиција доколку Хезболах „продолжи да се коцка“ во конфликтот со Израел, изјави министер од либанската влада за „Скај њуз“. Како што …

Билд наведува дека ова е периодот помеѓу заминувањето на актуелниот американски претседател Џо Бајден од функцијата на почетокот на ноември 2024 година и преземањето на функцијата од неговиот потенцијален наследник во јануари 2025 година.

Извори на весникот наведуваат дека Кремљ се надева дека поранешниот претседател Доналд Трамп ќе се врати на чело на Белата куќа бидејќи „се може да се случи“ за време на неговиот мандат.

Билд, сепак, не наведува која европска земја Русите на крајот ќе ја нападнат и со која цел.

Да потсетиме дека само 17 отсто од Германците се подготвени да земат оружје и да ја бранат земјата во случај на воен напад, покажа истражувањето. Истражувањето нарачано од неделникот Штерн покажа дека повеќето Германци не се подготвени да ја бранат својата земја во потенцијален вооружен конфликт.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.