Русија го искористи своето вето во петокот за да го спречи усвојувањето на резолуцијата на Советот за безбедност со која се осудува анексијата на четири украински региони, додека Кина и три други земји-членки беа воздржани.
Текстот подготвен од САД и Албанија доби 10 гласа „за“, а четири земји беа воздржани – Кина, Индија, Бразил и Габон.
Русија беше единствената што гласаше против резолуцијата.
Амбасадорката на САД во ОН Линда Томас-Гринфилд претстави резолуција со која ги повикува земјите-членки да не признаваат каков било променет статус во Украина и бара од Русија да ги повлече своите трупи.
Вашингтон сигнализираше дека по Советот за безбедност, текстот ќе биде претставен на Генералното собрание, каде ниту една од 193-те земји-членки нема право на вето.
Во петокот Русија анектираше четири украински региони, што западните земји го осудија.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.